Skriv ut

МАКЕДОНСКА ТУРИСТИЧКА ЕКСПИДИЦИЈА СЕ ПРЕСТАВИ НА НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СКАНДИНАВИЈА

На водечката Скандинавска саемска туристичка манифестација ТУР 2009 која се одржа во Гетеборг, со свој штанд се престави и Република Македонија.

ТУР 2009 е класична саемска манифестација која трае четири дена. Првите дба дена се наменети за контакти помеѓу туроператорите, хотелијерите и превозниците, додека последните два дена се наменети за пошироката јавност.
Македонската експидиција беше составена од преставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Министерството за економија, Агенцијата за странски инвистиции и волонтери од Македонското друштво „Гоце Делчев„ од Гетеборг.
Во каталогот на туристичката понуда Македонија беше преставена како нова туристичка дестинација. Посителите покажаа особен интерес за винскиот регион, условите за планинарење, лов и риболов, храната и секако интерес за туристичките понуди од Охрид, Преспа и Дојран.
На маргините на оваа манифестација, на 21 март во Друштвото „Гоце Делчев„ се одржа деловен семинар во организација на Деловниот совет при Македонскиот сојуз со наслов„Откриј ги можностите„. На семинарот со свои промоции настапија Катерина Оровчанец од Агенцијата за странски инвестиции и Зоран Срезовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија. Особено впечатливи беа настапите (излагањето) на г-динот Агон Демјаха, амбасадор на Република Македонија во Шведска и професорот по примарна економија од Гетеборшкиот универзитет, г-динот Ролф Соли кој е и почесен конзул на Македонија во Западна Шведска.
Оценка е дека е добро што Република Македонија е за прв пат присутна на оваа саемска манифестација. Интерсеот за винските региони, храната, планинските предели, параглајдерството, манастирските комплекси и други сегменти покажува дека овој пазар е и те како интересен за нашите туристички работници. Силно беше почуствувана потребата од многу посилен и покомплетиран настап.
Наредниот, ТУР 2010, ќе се одржи наредната година од 25 до 28 март во Гетеборг. Членовите на македонската туристичка експидиција се согласија дека подготовките за тој проект треба да започнат веднаш бидејќи можностите кој тој ги нуди се огромни.

Ацо Каланоски