Skriv ut

Интервју со Ана Ибрисагиќ, пратеник од Шведска во Европскиот парламент

Јуни, 2009 година, Гетеборг
Автор : Ацо Каланоски


Ана Ибрисагиќ(42) , родена во Сански Мост , Босна и Херцеговина, пратеник на Шведска во Европскиот парламент. Живее на север, во Лулео.
Во нејзината биографија можат да се најдат податоци за тоа дека студирала економија , била наставник по музика (клавир и соло пеење), преведувач и овластен толкувач, потоа одговорна за извоз , а покасно и директор на стопанската комора за Северна Шведска. Член е на Претседателството на влдаеачката партија на модератите од 2001 година, а во 2002 година станала член на шведскиот парламент. Од 2004 година е пратеник во Европскиот парламент.

Ве сметаат за голем познавач на состојбите во Источна Европа. Во шведскиот печат ви замеруваат дека премногу внимание им посветувате на тие теми. Сметате ли дека дека тоа е ваш хендикеп во кампањата за Европскиот парламент?

Не, напротив. Понекогаш тоа домашниот печат не го разбира, меѓутоа за да имате било каква шанса за успех и влијание во Европскиот парламент, мора да се истакнете во некоја област. Мора да бидете експерт во нешто односно да знаете нешто што другите малку или воопшто не го знаат. Европскиот парламент има 700 пратеници...

Со влегувањето на Бугарија и Романија во ЕУ, Западниот Балкан е буквално опколен од страна на европски земји. Како во таква ситуација може да се толкува загриженоста за тоа дека овој регион извезува безбедносни закани?

Па, знаете без разлика на тоа што Западен Балкан, како што велите е опколен од Европската Унија, сепак сите земји на Западен Балкан не се членови на ЕУ и некои од нив сеуште се сметаат за нестабилни. Ја исто така сметам дека трајна безбедност на Балканот е можна за доколку сите земји влезат во ЕУ.

Визна либерализација. Може ли да се очекува дека по ова прашање, Република Македонија ќе биде извлечена од Западниот Балкан или уште еднаш ќе се покаже т.н. двоен морал и поединечното влијание на некои земји на ЕУ кои и без формално право на вето за ваков вид теми го кочат процесот?

За визната либерализација ќе се одлучува за секоја земја поединечно. Македонија нема да биде ниту извлечена ниту вовлечена во никаква група на земји. Македонија заврши голем дел од обврските поврзани со визната либерализација. Тука посебно можам да ги издвојам напорите за издавање на биометриски пасоши, а верувам дека многу бргу ќе бидат завршени и другите задачи. Јас од своја страна се обидувам делот од работата кој го извршува Европската комисија да биде што потранспарентен, така што полесно ќе утврдиме што остана да се направи и чија грешка е ако тоа не е направено.

Процесот на проширување на Европската Унија се наоѓа во критична фаза. Може ли да се очекува Репубилка Македонија да добие датум за почеток на преговорите, за време на претсдателствувањето на Шведска со ЕУ?

Се согласувам дека процесот на проширување се наоѓа во критична фаза. Јас тоа го зборувам неколу години, поточно откако ги добив првите знаци на заладување на расположението за проширување и постојано ги молам преставниците на земјите од Западен Балкан да престанат да се занимаваат со интерните несогласувања и што побргу да се за зфатат со исполнувањето на условите за влез во ЕУ.
Се плашам дека кога земјите од Западен Балкан конечно ќе бидат спремни, Европа нема да биде. Иницијативите за консолидација на Европа од страна на некои западно европски земји , пред проширувањето, изјавите за капацитетот на Европа да прими нови членови, потоа обидот да се одредат конечните граници на Европа не се воопшто охрабрувачки и поставуваат пред нас кои се бориме за тоа, нови предизвици. Во таа смисла во претседавањето на Шведска со ЕУ лежи голема одговорност таа дебата да се насочи во вистински правец. Мојата партија, која во моментов е владеачка, си постави задача да работи на тоа да во наредниот мандат на Европскиот парламент процесот на проширување продолжии и Европската Унија добие најмалку три нови членки.

Граѓаните на Република Македонија во Македонија и македонците кои живеат во Шведска особено го ценат вашето залагање како европарламентарец за рашавање на спорот кој го имаме со Грција. Како мислите да се спротивставите на праксата да се употребува правото на вето, кое е очигледно заразно.

Па, постојат два начина да се спротивставите на правото на вето. Првиот е да се смени уставот односно да се укине правото на вето, вториот е да со постојаното истакнување на тој проблем преку јавноста да се врши притисок на оние кои се закануваат дека ќе го користат правото на вето. Во овие пет години јас се обидував да ја анимирам јавноста против правото на користење на вето во решавањето на билатералните конфликти. Вие не сте единствена земја со тој проблем. Имавме сличен проблем помеѓу Словенија и Хрватска, а постојат билатерални конфликти и помеѓу други потенцијални земји членки. Јас успеав во документите кои Европскиот парламент ги усвои, да внесам (а тој и остана) текст во кој се вели дека билатералните спорови не смеат да се употребуваат за попречување на евроинтеграциските процеси на земјите аспиранти.

Мојата желба е на крајот на башиот втор мандат во Европскиот парламент на плоштадот во Скопје заеднички да прославиме влез на Република Македонија во ЕУ. Остварливо ли е тоа, што мислите?

Убава желба. Но, најпрво јас треба да си го завршам мојот дел од работите и повторно да бидам избрана за уште еден мандат, а вие треба да го направите остатокот од работите и да ги испоните предусловите за влез. Во тој случај мислам дека дека е остварливо.

Интевјуто е направено при нејзината постета на македонкото друштво Гоце Делчев во Гетеборг на 01.06.2009 година.