Skriv ut

На 2 мај во 18.00 во друштвото „Гоце Делчев„ во Гетеборг - информативна средба во врска со гласањето на дијаспората на изборите во Македонија

 Врз основа на член 50–а, став (1), (2), (3), (4) и (5) од Изборниот законик (Сл. весник на РМ, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08 и 44/2011), Државната изборна комисија преку Дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија во Шведска, објавува

 

Ј А В Е Н     П О В И К

Се известуваат државјаните на Република Македонија во Шведска дека Претседетелот на Собранието на Република Македонија ги распиша предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 05.06.2011 година.

Гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, во Изборните едниници 7,8 и 9, ќе се одржи на 4-ти јуни 2011 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на Riddargatan 35, 114 57 Стокхолм.

Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во Шведска повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Шведска  повеќе од една година согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.

Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Шведска кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на Riddargatan 35, 114 57 Стокхолм во периодот од 25 април до 4 мај 2011 година. При увидот, државјаните на Република Македонија се идентификуваат пред надлежното лице во Дипломатско–конзуларното претставништво односно конзуларната канцеларија на Република Македонија, со патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или лична карта. Увидот може да се изврши и преку интернет на следниот Веб-сајт : http://www.sec.mk.   

Пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на на Riddargatan 35, 114 57Стокхолм или се испраќа по електронска пошта на следната адреса:, Den här e-postadressen skyddas mot spambots. Du måste tillåta JavaScript för att se den. во периодот од 15 април до 4 мај 2011 година.

 

ДРЖАВНА  ИЗБОРНА  КОМИСИЈА