Skriv ut

 Во недела на 5 јуни 2011 година, ќе се одржат предвремени парлементарни избори во Република Македонија.

Гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во Шведска ќе се одржи на 4-ти јуни 2011 година во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на Riddargatan 35, 114 57 Стокхолм.

За да имате право на глас и дали сте на избирачкиот список можете и морате да проверете во Амбасадата на р Македонија на тел 08-661 18 30 или на интернет адреса  www.izbirackispisok.gov.mk

Во колку има доволен број на пријавени, повеќе од 20 души ќе се организира безплатен превоз од Гетеборг до Стокхолм.

Заден рок за пријавување е најкасно до 01-06-2011 год.

Пријавувањето ќе се врши кај Милан Стојчевски на тел 0707-655 020