Skriv ut

На денешниот проширен работен состанок на кој што учествуваа членовите на Управниот одбор, раководствата на Женскиот и Пензионерскиот актив, како и Ревизионата и Кандидационата комисија се прифати Планот и програмата за работа за 2018 година.
Покрај утврдувањето на датумите за поважните настани на состанокот се бараа решенија за реализација на планираните активности
Најголем интерес кај присутните предизвика активностите со децата и младината, организирање на предавања и проекти како и одржување на просториите.
За време на состанокот, на долгодишниот активист Тане Ангеловски му беше поклонето букет цвеќе за неговиот 65 годишен роденден, а пак тој им возврати на писутните со чаша ракија и торта.