Skriv ut

Bilden kan innehålla: en eller flera personer, personer som sitter och barn

Во далечната 1978 година една генерација храбри жени се договараат и ги поставуваат темелите на Женскиот актив при Македонкото друштво „Гоце Делчев„- Гетеборг.

Од самиот почеток па до ден денес Женскиот актив е главниот носител и креатор на активностите на друштвото, одноно животот во друштвото постојано се збогатуваше со нови сили и плодотворни идеи.

За време на четири децении, активот одигра важна улога во подобрувањето на културно забавниот живот во Гетеборг и пошироко. Женскиот актив има реализирано многу изложби, модни ревии, предавања, средби на жени „kvinnoträff"со разни националности, курсеви, излети, како и низа проекти од културата - традицијата и интеграцијата.

По повод повод 40 -годишниот јубилеј на плодна и успешна работа на Женскиот актив, Македонското друштво „Гоце Делчев„ ве информира дека на 13 октомври 2018 година со почеток во 19,30 часот ќе се одржи јубилејна прослава.

Честит нека им е јубилејот со желба успесите да се множат и понатаму.