Skriv ut

На 29 јануари 2023 година во прсториите на Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг се одржа редовното Годишно собрание на кое присуствуваа поголем број на членови.
По прифаќањето на поднесените извештаи за реализираната активност за 2022 година, се избра нов Управен одбор од 11 членови на чело со долгогодишен и искусен активист Гоце Џуков. Останатите членови на Управниот одбор ќе ги добијат своите задолжениа на првиот редовен состанок
На собранието се усвои и предложениот Статут со измени и дополнение.