Гетеборг, 17.5.2025
Ден на Македонската култура во Шведска
Вo Центарот за култура „Селма Лагерлеф“ во Гетеборг се одржа традиционалната манифестација „Ден на македонската култура во Шведска“ под покровителството на Македонскиот сојуз а во организација на Македонското друштво „Гоце Делчев“.
Во рамки на манифестацијата се одбележа 45 годишнината од првиот Македонски фестивал кој што се одржа на 19 април 1981 година во Малме.
На отворањето на манифестацијата пригодни обраќања и поздравни зборови имаа Гордана Крклинска преседател на Македонскиот сојуз, Тане Ангеловски претседател на друштвото „Гоце Делчев„ и Македонскиот амбасадор во Шведска Џенк Сејфула
Во програмскиот дел на манифестацијата се изведоа народни ора и игри, со настап на фолклорната секција на Македонското друштво „Гоце Делчев“. Во културниот дел од програмата настапија и ученици со музички нумери и интерпретација на стихови од познати македонски поети
Се’ со цел за афирмација на македонската култура, јазик и традиција во овие шведски простори .
П.А