Skriv ut

Раководство на Женскиот актив за 2009 година

 

стојат: Душка Василевска, Блага Симоновска, Менка Петрова, Лилјана Трифуновска -претседател, Снежана Цуклева, Цена Јовановска, Марија Монева, седат: Мила Гаич и Веса Гусаковска.

Пред 30 години, во далечната 1978 година во фебруари месец, а во пресрет на Денот на жената 8 Март, неколку членки при Друштвото во согласност со Управниот одбор ги поставуваат темелите на Женскиот актив.

30 години плодна работа

Пред 30 години, во далечната 1978 година во фебруари месец, а во пресрет на Денот на жената 8 Март, неколку членки при Друштвото во согласност со Управниот одбор ги поставуваат темелите на Женскиот актив.

Затоа годинава дел од активности во рамките ха Женскиот актив ќе бидат насочени во знакот на јубилејот. По повод овој значаен датум Активот покрена, покрај многуте зафати, и Проект: издавање на посебна книга во која ќе бидат опфатени активностите од изминатите 30 години.

За оваа прилика е формирана посебна група на чело со Лилјана Ивановска која си зема обврска со својата екипа да ги подготви материјалите за печат. За Женскиот актив, уште од самиот почеток на формирањето, не постоел нерешлив проблем и пречки во остварувањето на идеите и желбите што самите си ги поставуваат, бидејки сето тоа се одвивало во границите на можностите и условите што им ги пружи Друштвото.

Расположението за другарување и зачувување на дел од традициите и културното богатство создавале посакувани услови и можности за реализирање на однапред договореното. Со еден збор Женскиот актив е носител на скоро сите активности во Друштвото, многумина велат дека каде што се присутни жените, таму се и присутни и нивните блиски: сопрузите, децата на и пријателите!
Првата претседателка беше Цица Фепмел, која денес, поради здравствени причини повеќе години е во домашно мирување.

ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈ