МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА 8 МАРТ СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН

На 8 Март, во свечено украсените простории и пред голем број на посетители свечено се одбележа Меѓународниот ден на жената 8 Март. По овој повод беше изведена свечена програма со настап на Хорската секција при Друштвото, а со своја напишана песна, посветена токму за овој Ден, настапи и најстарата членка при друштвото Кристина. Со прекрасно расположение, за кое придонесе и оркестарот „Гром„ се играше и пееше до утринските часови.