СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 30 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ЖЕНСКИОТ АКТИВ

 

ЧЕСТИТ 30 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
На 2 мај, 2008 г. во познатите простории на Гамлестад, со свечена програма Женскиот актив ја одбележа својата долгогодишна богата активност: 30 години на плодна и непроценлива работа. За значението на овој долг изминат период исполнет со незаборавни моменти од животот на заедничкото другарување, преку својот содржаен реферат, зборуваше претседателката Милица Велевска. Се започна во почетокот на далечната 1978 година кога неколку активистки при друштвото „Гоце Делчев„ го формираа Женскиот актив. За прв претседалел тогаш беше избрана Цица Фермел, една и од иницајаторите за формирањето на Активот. Активот, кој за целото свое непрекинато постоење оствари видни резултати во севкупните активности на Друштвото „Гоце Делчев„ стана познат и вон нашето друштво. Од бројните активности е и традиционалната Изложба на домашни ракотворби со која Активот се стекна со голема популарност, а денес сме сведоци дека при нашето друштво и не може да се замисли некоја културно-забавна дејност без ангажирање на вредните членки на Активот. Активот одигра голема улога и во пренесувањето и ширењето на културните традиции, обичаите и како најважно од сето тоа е и зачувувањето на јазикот кај новите генерации. За овој долг период од 30 години тие имаат развиено широка и богата зацртана програма со разновидни содржини кои со поддршка на сите членови успешно се и реализираат.
Од поканетите гости за оваа прилика присуствуваа и со подароци го честитаа јубилејот: Претседателот на Македонскиот сојуз во Шведска, Кире Кленковски со сопругата, Претседателката на Женскиот актив при Македонскиот сојуз, Лилјана Стоилковска - Андовска со сопругот и сопругата на претседателот на Македонското друштво „Кочо Рацин„ од Борос, претседателката на Женскиот актив, Весна Колевска.
Во забавниот дел со извонреден настап се претставија Хорот и Фолклорната секција, а со збрирка на поетски песни настапи и Лилјана Стоилковска Андоновска од Македонското друштво „Македонија„ од Малме.
Јубилејната забавна вечер, и ако не беше посетена како што се очекуваше, сепак над 120 посетители, со звуците на оркестарот „Гром„ доживееа извонредни весели мигови на заедничко јубилејно другарување. Со Роденденската торта беа почестени сите присутни.
ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛКИ НА ЖЕНСКИОТ АКТИВ: Цица Фермел, Вера Костовска, Ники Вучидолова, Паце Арсова, Рада Крезиќ, Донка Пецова, Снежана Цуклева, Виолета Трпковска, Софија Сандлен, Лилјана Ивановска, Кирана Неделковска, Снежана Спасеновска и Милица Велевска.