На овогодишниот саем за Туризам - 2009, што се одржа од 19 до 22 март во Гетеборг, за прв пат учествуваше и Р. Македонија. На штандот, на кој оддалеку се читаше REPUBLIK OF MACEDONIA, на големи постери и повеке отпечатени брошури во боја на англиски јазик на посетителите им се презентираше туризмот во Македонија. За почеток добро беше и покрај забележителното отсуство на добра организација. Ако на штандот, со разгледувањето на брошурите, на посетителите им се нудеше и македонско вино со биеното сирење, интересот сигурно би бил и поголем. Со ангажирањето и учеството на членови од Друштвото „Гоце Делчев„ се се заврши во најдобар ред.
Покрај познатите туристички земји, како што беа Турска, Грчка, Италија, Шпанија, Германија, Бугарија, Данска и многу други, со свои интересни штандови доминираше и Шведска нудејки разновидни туристички места ширум земјата од кои најинтересни беа презентациите на селскиот туризам. Со селскиот туризам би можела и Македонија доста да понуди интересни содржини.
Да се надеваме дека следната година ке биде поорганизирано и посодржајно!
Трајан Масев