Предизборна дебата во друштвото “Гоце Делчев“
Гетеборг, 28 април 2010 –
Во друштвото “Гоце Делчев“ на 28 април се одржа средба со двајца истакнати шведски политичари – претседателката на социјалдемократите во Гетеборг, Ана Јохансон и потпретседателот на Општинската управа и лидерот на опозицијата, модератот Јан Халберг.
Средбата, на која присутвуваа голем број членови на “Гоце Делчев, беше посветена на изборните програми и визии на двете најголеми партии во Гетеборг во пресрет на годинашните општи избори во Шведска на 19 септември, кога ќе се гласа за пратеници во Парламентот-Риксдаг, регионалните собранија (landsting) и општинските собранија (kommunfullmäktige) .
Ана Јохансон и Јан Халберг одговаар на повеќе прашања, меѓу другото во врска со подобрувањето на условите во здравствениот систем и скратувањето на времето за чекање на операција и друг вид специјалистички интервенции, можностите за намалување на групите во детските градинки, отворање на нови работни места, воведувањето на на новиот т.н. trängselskatt, евентуалното затворање на Квиберг-пазарот, негата и згрижувањето на постари и изнемоштени лица.
Со цел членовите на “Гоце Делчев“ да добијат пошироки сознанија околу предизборната кампања, управниот одбор на Друштвото во наредниот период ќе се погрижи да покани претставници и на други политички партии во Гетеборг.
И.Ч.