Друштвото Гоце Делчев го одбележа јубилејот
 
Вчера во просториите на Форум Котедала, во присуство на над 400 гости, Македонското друштво „Гоце Делчев„ го одбележа јубилејот, 40 години од своето постоење.
 
Оваа културна манифестација ја отвори претседателот Јован Божиновски, кој што ги поздрави посебно поканетите гости и присутните од сите генерации.
 
Во пригодната културна уметничка програма посебен впечаток оставија, Ребека Балин со својот партнер во изведувањето на модерeн танц, настапот на фолклорната секција со игри од Егејска Македонија и хорската секција со изведбата на македонската и шведската химна.
 
Во забавниот дел од програмата, присутните ги забавуваа естрадните уметници од Р Македонија, Елена Велевска и Стевче Стојковски со попоуларниот оркестар Гром.
 
Женскиот актив на присутните им приреди убава јубилејна торта.
 
Пецо Атанасовски