Во неделата на 16 јануари, Македонското друштво Гоце Делчев„ го одржа своето редовно Годишно собрание. На собранието присуствуваа голем број на членови.
По прифаќањето на поднесените извештаи за јубилејната 2010 година се дополни
Управниот одбор со три нови членови и две резерви.
За претседател на друштвото повторно е избран Јован Божиновски, а останатите членови ќе ги добијат своите должности на првиот состанок на Управниот одбор.
Годишното собранието донесе одлука за чланарината за 2012 година да изнесува 400 кр за фамилија и 200 кр за самци.
Управниот одбор доби подршка од собранието за да можи да превземи мерки против недозволеното носење на алкохолни пијалоци на игранките.
Собранието избра Работна група од доброволци за реновирање на фасадата на друштвената зграда.