Основачко собрание на Македонското поетско друштво „Дениција“ |
---|
Во просториите на КСД „Македонија“ во Малме на 14 мај 2011 година се одржа основачко собрание на Македонското поетско друштво „Дениција“. Формирањето на оваа нова асоцијација во редовите на македонската заедница во Шведска е резултат на повеќегодишното ангажирање околу традиционалната манифестација Ден на македонската поезија во Шведска и созревањето на потребата поетите од македонско потекло да дадат нови импулси кон презентацијата на македонската литертура и култура во Скандинавија и кон натамошното унапредување на шведско-македонските книжевни контакти и соработка. Македонското поетско друштво „Дениција“ ќе ја преземе орагнизацијата и програмското осмислување на манифестацијата Ден на македонската поезија во Шведска, која лани го одбележа својот 20-годишен јубилеј и е единствена манифестација од таков карактер во рамките на организираното живеење на македонската дијаспора во Западна Европа. Меѓу програмските активности кои ќе добијат приоритет, се назначени напорите за збогатување на фондот на преводната литература на современи шведски писатели на македонски и во обратна насока, а со што би се создавале претпотсавки за посeопфаптно презентирање на македонските литературни дострели пред читателската публика во Скандинавија. Друштвото „Дениција“ исто така ќе се заложи и за зголемување на обемот на македонски изданија во одделенијата на шведските библиотеки наменети за имигрантски јазици, а како една од основните цели на формирањето на друштвото „Дениција“ се наведени и заложбите за збохатување на издавачката дејност во рамките на Македонскиот сојуз во Шведска. За претседател на Македонското литературно друштво „Дениција“, чие седиште ќе биде во Гетеборг, е избран Ивица Челиковиќ
|
Основачко собрание на Македонското поетско друштво „Дениција“
- Uppgifter