Редовни активности - есен 2011

Фолклорна секција
Фолклорната секција составена од повеќе искусни активски и неколку млади и талентирани фолклориски започнува со редовните тренинзи на 28 август, во 15.00 часот.
Нови фолклористи се добродојдени.
Фолклорната секција работи под раководство на Габриела Балинт.
 
Музичка Хорска секција
Музичка секција за деца во недела од 15.30 до 16.25 часот
Во секцијата добродојдени се деца од 4,5 години и нагоре под услов да зборуваат, да можат да имаат комуникација со професорот
Во програмата ќе се изучуваат македонски песни од Златно славејче и шведски Божикни песни.
Хорската секција за возрасни во недела од 17.00 до 19 часот.
Во Хорската секција за возрасни добродојдени се сите поранешни хористи и нови членови кои се заинтересирани за македонските народни песни.
Во програмата ќе се изучуваат македонски староградски и народни песни.
Наставата ќе ја одржува дипломиран педагог Професор. Роберт Сакип.
 
Мајчин јазик
Напоредно со редовната настава во училиштата, децата кои што сакаат да го изучуваат македонски јазик ќе можат да посетуваат настава по мајчин јазик, секоја недела од 16.30 часот. Курсот започнува на 4 септември.
Курсот по македонски за возрасни (швеѓани и други) започнува на 4 септември во 18.00 ч.
Курсот за изучување на англиски јазик за возрасни ќе започни према договореното.
Наставата по македонски и англиски јазик ќе ја изведува Проф. Тереза Салевска- Мирчева
Сите курсеви се изведуваат во соработка со АБФ Гетеборг и се безплатни, под услов да се членови на друштвото