Во организација на Македонската амбасада во Шведска и Меѓународниот клуб на жените во Стокхолм, во Операта во шведската престолнина првпат се одржа Божиќен ручек на тема „Македонија”.
Како домаќин на Божиќниот ручек, амбасадорот Кире Илиоски имаше свое поздравно обраќање пред околу 150 присутни гости, меѓу кои беа градоначалникот на Град Стокхолм г-ѓа Маргарета Бјорк, пратеници во шведскиот Парламент-Риксдаг, претставници на кралското семејство, на дипломатскиот кор и многумина други.
Настанот имаше промотивно-хуманитарен карактер, односно средствата се наменети за набавка на опрема за Одделението за онкологија и хематологија во рамките на Детската клиника во Скопје.
На овој пригоден настан Република Македонија беше претставена преку интерпретација на македонската песна и фолклор од страна на културно-уметничките друштва „Македонија“ од Малме и „Гоце Делчев“ од Гетеборг.
Беше поставена и македонска етно-соба, како и изложба на уметничките дела на Стефан Плескоњич, кој во рамките на Божиќниот ручек подари свое уметничко дело на градоначалникот на Стокхолм