Во неделата на 15 јануари , се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„ од  Гетеборг.
На собранието присуствуваа голем број на членови и поканети гости, помеѓу нив и Гунила Карлсон пратеник на Шведскиот парламент и претседател на образовната установа АБФ од Гетеборг.
Членовите на друштвото едногласно без некои примедби ги прифатија извештаите за работа и за економското работење на друштвото.
Новоизбраниот управен одбор е од 11 членови  од кои 7 члена се од понежниот пол што е за прв пат од историата на друштвото.
За претседател на друштвото е избран искусниот и долгогодишен активист Тане Ангеловски.

009