Министерката за внатрешни работи на РМ Гордана Јанкуловска, која од 8 до 10 февруари ќе престојува во работна посета на Шведска, на 9 февруари, во придружба на амбасадорот Кире Илиоски, ќе го посети Гетеборг. Притоа, во просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев“ на 9 февруари со почеток во 13 часот, ќе се одржи информативна средба на министерката Јанкуловска со македонски граѓани кои живеат и работат во Шведска, меѓу другото во врска со поднесување барања за издавање на македонски биометриски патни исправи.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во посета на Шведска
- Uppgifter