На 20 јануари 2013 година, во просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев‘‘ ,се одржа редовното Годишно собрание, на кое присуствуваа голем број на членови , поканети гости и соработници.
По прифаќањето на поднесените извештаи за реализираните активности за 2012година,Собранието констатираше мошне плодна работа проследена со многу активности и проекти во изминатата година како и позитивни ефекти во однос на финансиското работење.
Собранието ги усвои програмските смерници за 2013 година кои ќе се дефинираат на проширениот состанок на Управниот одбор со раководствата на секциите и активите.
На Собранието се дополни Управниот одбор со четворица нови членови, а за претседател на Друштвото е избран повторно искусниот активист Тане Ангеловски.
Останатите членови на Управниот одбор ќе ги добијат своите должности на првиот редовен состанок.