ГОДИШНО СОБРАНИЕ 

На 17 јануари 2016 година во прсториите на Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг се одржа редовното Годишно собрание на кое присуствуваа поголем број на членови.

Поднесените извештаи за реализираната активност за 2015 година беа едногласно прифатени од присутните. Собранието избра нов Управен одбор од 11 члена на чело со долгогодишен и искусен активист Гоце Џуков.

На собранието се усвои планот и програмата за работа за 2016 година, на што посебно значење му беше посветено на 40 годишниот јубилеј на фолклорната секција. Членарината за 2016 година ќе изнесува 200 кр за семејство (фамилија) и 100 кр за самци.
П.А