28 април 2019
СЕЌАВАЊЕ
Денес ка се навршуваат 5 години од смрта на нашиот пријател, Трајан Масев (1943-2014) еден од најзначајните македонски активисти во Шведска. Неговото прерано заминување е голема загуба и празнина за сите нас во Гетеборг и пошироко. Македонската заедница загуби исклучително талентиран и искусен активист.
Од самото доаѓање во Гетеборг па се до неговото заминување од овој свет, Трајче целиот живот го посвети бележејќи ги настаните на македонската дијаспора во Шведска.
Трајче беше еден од основоположниците на Македонското друшво „Гоце Делчев„ Гетеборг. На 12.02.1978 година, го издава првиот број на „Наш лист„ како орган на Друштвото „Гоце Делчев„ ,со цел да се подбри информираноста помеѓу македонците во Гетеборг, кој пота во 1979 година прерасна како Македонски весник орган на Интерсната заедница на македонските друштва и клубови во Шведска, денес Македонски сојуз.
Аматерски без никаква надокнада, издаде 123 броја на Македонски весник, отсликувајќи ги скоро сите македонски културни манифестации, спортски натпревари, црквони богослужби, објавуваше извештаи од сите годишни собраниа на друштвата и клубовите и многу друго.
Во последните години Трајче продолжува да објавува на Јутуб и Фејсбук видеоинсерти фотоалбуми од збиднувањето на македонската заедница во Гетебор и пошироко.
Ние, прелистувајќи ги весниците и албумите ќе ја читаме 40 годишната документација (историја) кој ја создаваше Трајче и ќе се сеќаваме на него
Почивај во мир пријателу.
П.Атанасовски