ГОДИШНО СОБРАНИЕ

На 28 јануари 2024 година во прсториите на Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг се одржа редовното годишно Собрание на кое присуствуваа солиден број на членови и поканети гости.

Дел од реализираните активности во 2023 година се, прослава за денот на жената, изложба на ракотворби, кулинарски натпревар, ден на друштвото, ден на македонската култура, средба на жените „kvinnoträff", Луциа со божикна трпеза, настапи на фолклорната секциа, игранки, прослави, предавања, информативни состаноци и други дејности.

Според финансискиот извештај, позитивното салдо на друштвото се должи на успешно планираните и рализирани проекти и на домаќинското работење на раководството.

Поднесените извештаи за реализираната активност за 2023 година, беа едногласно прифатени од присутните членови.

На собранието се дополни Управниот одбор со пет нови членови а за претседател на друштвото повторно е избран Гоце Џуков долгодишен и искусен активист.

Членови на Управниот одбор се: Гоце Џуков, Тане Ангеловски, Тереза Шалевска-Мирчева, Крсте Пецов, Милица Велевска, Драги Јовановски, Снежана Спасеновска, Коста Ризовски, Даниела Велјановска -Пилипович и Трајко Кусибојоски.

Ревизиона комисија: Пецо Атанасовски, Димче Митровски и Драги Велевски

Кандидациона Комисија: Лазо куртовски, Светлана Ужиновска и Јовица Танушевски.

Одговорни на активите и секциите се: Јован Божиновски -пензионерска актив, Мери Котевска- женски актив и Весна Паневска - фолклорна секција.