СУМИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РАБОТАТА ЗА 2024 година
Во согласност со Статутот на Друштвото и програмата за работа за 2024 година реализирани се голем дел од програмските цели и задачи на Македонското друштво Гоце Делчев, врз основа на следните организациони форми.
Заеднички другарски вечери организирани по повод позначајни датуми од историјата и денови поврзани со обичаите и тадицијата на нашиот народ, како што се Василица, Осми Мрт, Ден на Друштвото, Осми Септември, 11 Октомври, Луциа и Нова Година.
Културни манифестации со цел на презентација и промоција на традиционалните културните вредности, во овј дел спаѓаат Денот на Македонската кулура во Гетеборг, Изложба на ракотворби и Натпревар во кулинарски вештини.
Во соработка со образовната установа АБФ реализирани се неколку курсеви за фолклор, готвење, шиење и изучување на шведски јазик за возрасни.
Поголемиот дел од активностите во тековната година се одвиваа преку секциите и активите.
Женскиот актив покрај своите редовни состаноци, средби, изложби, заеднички вечери има најмногу придонес во рализацијата на активностите на друштвото. Факт е дека во скоро секоја од наведените активности на друштвото, женскиот актив имаше своја улога.
Фолклорната секција редовно ги одржуваше своите проби во две групи. Играорците настапија на неколку манифестации во друшвото, како и на Денота на македонската кулура, на Бакадаген и на Хамаркуле фестивалот. Секцијата организира и неколку диско вечери за децата.
Посебно внимание заслужува да се напомени на мајчинскиот однос према децата на трите поранешни играрки кои што ја водеа фолклорната секција.
Изненадување беше и повторното активирање на поранешните играорки, денес ветерани, кои низ годините наназад биле успешни членови на Фолклорната секција.
Пензионерскиот актив покрај своите редовни состаноци, организира два информативни проширени состаноци во интерес на членовите, еден заеднички излет и една зедничка вечер со закуска.
Просториите на друштвото се секојдневно отворени за средби, другаруања, разменување на мисли и разговори. Тука многумина го користат своето слободно време играјќи разни рекреативни игри, како биљард, шах или друго.
Во соработка со Амбасадата на Република Македонија, организирани се конзуларни денови со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите членови и пошироко.
Сумирајќи ги резултатите од работата на друштвото во 2024 година, констатираме дека планираните активности успешно се реализирани со простор и надеж дека новото раководство во 2025 година, ќе постигне уште поголеми успеси во работата.
П А