ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ
Вчера на 26 јануари 2025 година во прсториите на Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг се одржа редовното Годишно собрание на кое присуствуваа голем број на членови. и поканети гости.
Писмено доставениот извешај за работа за реализираната активност за 2024 година беше едногласно прифатен од членовите на друштвото.
Според економскиот извештај, позитивното салдо на друштвото се должи на успешно планираните и рализирани проекти и на домаќинското работење на раководството.
Собранието го прифати предлогот на Управниот одбор за реновирање и уредување на друштвените простории. На следниот проширен состанок на Управниот одбор со раководствата на секциите и комисиите ќе се комплетира овој важен проект
На собранието се дополни Управниот одбор со шест нови членови а за претседател на друштвото е избран Тане Ангеловски, долгодишен и искусен активист
П А