- Uppgifter
Dokolku postoi interes za pomali deca mozi da se formira druga grupa.
- Uppgifter
Денес (07/02) на проширен состанок на управниот одбор со раководствата на секциите и комисиите се донесе планот за работа на Македонското друштво „Гоце Делчев„ за 2015 година.
На истиот состанок присутните го прифатија апелот на Амбасадата на Република Македонија и се донесе одлука да се уплатат 10.000 круни на жиро сметка за хуманитарна помош за санирање на последиците од пополавите во Македонија.
Во исто време Друштвото „Гоце Делчев„ преку своите преставници на Македонскиот сојуз ќе инициира до сите македонски ассоации да се вклучат во оваа хуманитарна акција.
Исто така друштвото преку социалните мрежи ги повикува своите членови да ја подржат оваа акција индивидуелно.
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
- Uppgifter
На 18 јануари 2014 година во просториите на Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг се одржа редовното Годишно собрание на кое присуствуваа поголем број на членови.
По прифаќањето на поднесените извештаи за реализираните активности за 2014 година , се дополни Управниот одбор со два нови членови а за претседател на Друштвото повторно е избран долгогодишниот искусен активист Тане Ангеловск
На собранието се усвои планот за работа и буџетот за 2015 година, а во знак на 45 годишниот јубилеј на друштвото се избра една работна група која ќе работи на припрема и реализација на овогодишните јубилејни прославувања.
На фотографијата Тане Ангеловски, претседател на Друштвото и Димче Митровски претседател на Пензионерскиот актив на друштвото.
- Uppgifter
Традиционалната прослава за Стара Нова Година со Василичаркоското паре ќе се организита во вторник на 13-01-2015 год. со почеток во 18.00 часот.
Домаќини на годинашната прослава е семејството Марковски.