Македонското друштво „Гоце Делчев„ ќе организира заеднички дочек на Новата година, во просториите на Друштвото. Гостите ќе ги забавува оркестарот Тип Топ и пеачот Таше Каранфиловски од Македонија.   Цената на влезницата со конзумација е 350 кр.

Резервации на карти на тел. 0704-833 338  Крсте

ЛУЦИА

Во недела на 16 декември, со почеток во 15.00 часот, Друштвото „Гоце Делчев„, ќе го прослави шведскиот традиционален празник Луциа, со детски песнички, колачиња, луцеркатер и глег.    На децата Дедо Мраз ќе им подели мали подароци.

Истата вечер (16-12-2018) со почеток во 17.00 часот, во знак на реализираните активности во 2018 година, Управниот одбор ќе припреми заедничка трпеза „Јулбурд„

Добро сте дојдени на ова заедничко дружење.

Bilden kan innehålla: en eller flera personer, personer som sitter och barn

Во далечната 1978 година една генерација храбри жени се договараат и ги поставуваат темелите на Женскиот актив при Македонкото друштво „Гоце Делчев„- Гетеборг.

Од самиот почеток па до ден денес Женскиот актив е главниот носител и креатор на активностите на друштвото, одноно животот во друштвото постојано се збогатуваше со нови сили и плодотворни идеи.

За време на четири децении, активот одигра важна улога во подобрувањето на културно забавниот живот во Гетеборг и пошироко. Женскиот актив има реализирано многу изложби, модни ревии, предавања, средби на жени „kvinnoträff"со разни националности, курсеви, излети, како и низа проекти од културата - традицијата и интеграцијата.

По повод повод 40 -годишниот јубилеј на плодна и успешна работа на Женскиот актив, Македонското друштво „Гоце Делчев„ ве информира дека на 13 октомври 2018 година со почеток во 19,30 часот ќе се одржи јубилејна прослава.

Честит нека им е јубилејот со желба успесите да се множат и понатаму.

На денешниот проширен работен состанок на кој што учествуваа членовите на Управниот одбор, раководствата на Женскиот и Пензионерскиот актив, како и Ревизионата и Кандидационата комисија се прифати Планот и програмата за работа за 2018 година.
Покрај утврдувањето на датумите за поважните настани на состанокот се бараа решенија за реализација на планираните активности
Најголем интерес кај присутните предизвика активностите со децата и младината, организирање на предавања и проекти како и одржување на просториите.
За време на состанокот, на долгодишниот активист Тане Ангеловски му беше поклонето букет цвеќе за неговиот 65 годишен роденден, а пак тој им возврати на писутните со чаша ракија и торта.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Денес на 21 јануари 2018 година Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг го одржа редовното Годишно собрание на кое присуствуваа поголем број на членови.
По пооднесените извештаи за реализираната активност за 2017 година кои беа едногласно прифатени од присутните, Собранието избра нов Управен одбор од 11 члена на чело со долгогодишен и искусен активист Гоце Џуков.
На собранието се усвои планот и програмата за работа за 2018 година, на што посебно значење му беше посветено на младата генерација


На првиот состанок конституиран е Управнио одбор за 2018 година во следниот состав:
1. Претседател      Ѓорѓи Џуков
2. Потпреседател Тане Ангеловски
3. Секретар           Елена Трајкова
4. Благајник          Крсте Пецов
5. Помош благајник Ѓоко Соколов
6. Култура              Милица Велевска
7. Култура/ Фолклор Борче Бошковски
8. Снабдувач          Трајче Балов
9. Магационер       Трајче Кусибојоски
10. Домаќин            Благоја Ушиновски
11. Домаќин            Мице Гусакоски
12. Член                   Марика Линдсје
13. Женски актив   Наде Џукова
14. Пензионерски актив Костадин Ризовски

Администратор Пецо Атанасовски

Фолклорна сек