По повод празникот 11 -ти Октомври - денот на востанието на македонскиот народ, Друштвото „Гоце Делчев„ во соработка со Младинскиот актив ќе организира

З А Б А В А

на 13-10-2012 г. со почеток во 19.00 часот во просториите на Друштвото, со оркестарот „Гром„ и артистот Никола Стојановски.

Цената на билетото е консумација 150 кр. (вечера и еден пијалок: ракија, сок или пиво)

Резервации на билети е задолжително

Курсот по англиски јазик започнува во среда на 3 октомври со почеток во 17.30 часот.

Во недела на 30-09-2012 г. со почеток во 17.00 часот ќе започни со проби хорската секција за возрасни под раководство на Проф. Роберт Сакип.

Детската секција ги одржува своите проби од 15.30 часот. Добродојдени се сите деца кои што се заинтересирани да учат песнички од Златно славејче.

FÖRELÄSNING

Onsdagen, 26.09.2012  kl.18.00

Föreläsare: Maria Bernasson

Ämne: Svenska språket viktig för komunikation i samhället

Välkomna

Со обѕир на се поголемиот интерес за изучување на фолклор, тренинзите ќе се одржуваат спрема следниот распоред:

- за деца од 6 год. до 11 год. (почетници) од 15.00 часот

- за деца од 12 год. и нагоре (почетници) од 15.30 часот

- прва постава од 12 год. и нагоре од 16.00 часот

Од раководството на секцијата

Во недела на 9 септември со почеток во 16.00 часот, ќе започни настава на македонски јазик за деца од 7 до 14 години.

Истиот ден ќе има и информација за наставата за возрасни.

Наставата ќе ја изведува Професор Тереза Шалевска - Мирчева.