Izlozba

zabava_1

Влезниците за ракометните натпревари, преку друштвото „Гоце Делчев„  се веќе резервисани. 

Вие кои што имате резервисано карти мора да ги платите во недела на 19.02 од 16.00 до 17.00 часот кај Наталие во просториите на друштвото.

Доколку не ги платите закажаните карти на 19 февруари , ќе се продадат на други лица заинтересираноста е голема.

За Управниот одбор
Наталие Крстановска

Во рамките на квалификациите за Олиписките игри Лондон 2012-та година, нашата репрезентација ќе се натпреварува заедно со репрезентациите на Шведска, Унгарија и Бразил. Натпреварите ќе се играат во Гетеборг од 6 до 8 април.

http://www.handboll.info/ImageVaultFiles/id_6219/cf_273/OSkval_Foreningserbjudande.PDF
www.handboll.info

Во неделата на 15 јануари , се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„ од  Гетеборг.
На собранието присуствуваа голем број на членови и поканети гости, помеѓу нив и Гунила Карлсон пратеник на Шведскиот парламент и претседател на образовната установа АБФ од Гетеборг.
Членовите на друштвото едногласно без некои примедби ги прифатија извештаите за работа и за економското работење на друштвото.
Новоизбраниот управен одбор е од 11 членови  од кои 7 члена се од понежниот пол што е за прв пат од историата на друштвото.
За претседател на друштвото е избран искусниот и долгогодишен активист Тане Ангеловски.

009

Традиционалната прослава за СТАРА НОВА ГОДИНА со Васличарското паре ќе се организира во ПЕТОК на 13 јануари со почеток во 18.00 часот, во просториите на друштвото.    Влез слободен

Што се однесува за прославата на 14 јануари, во организација на младата односно средната генерација картите со консумација се веќе продадени.  Повеќе карти нема да се продаваат и нема да се пуштаат лица кои што немаат обезбедено резервации.