ПРЕДАВАЊЕ

Предавање на тема ЗДРАВА ХРАНА ќе се одржи во среда на 2 февруари, со почеток во 18.00 часот.

ФОЛКЛОР

Фолклор за младинци секоја недела во 15.00 часот под раководство на Габриела Балинт

 НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Настава по македонски јазик секоја недела во 16.30 час. за деца
                                                         секоја недела во 18.00 час. за возрасни
Наставата ја изведува Професор Тереза Салевска- Мирчева
Во неделата на 16 јануари,  Македонското друштво Гоце Делчев„ го одржа своето редовно Годишно собрание. На собранието присуствуваа голем број на членови.
По прифаќањето на поднесените извештаи за јубилејната 2010 година се дополни
Управниот одбор со три нови членови и две резерви.
За претседател на друштвото повторно е избран Јован Божиновски, а останатите членови ќе ги добијат своите должности на првиот состанок на Управниот одбор.
Годишното собранието донесе одлука за чланарината за 2012 година да изнесува 400 кр за фамилија и 200 кр за самци.
Управниот одбор доби подршка од собранието за да можи да превземи мерки против недозволеното носење на алкохолни пијалоци на игранките.
Собранието избра Работна група од доброволци за реновирање на фасадата на друштвената зграда.

Заеднички пречек на Стара Нова Година со традиционалното Василичарско паре,  ќе се организира во четврток на 13 јануари со почеток во 18 часот во просториите на Друштвото.

На децата (само тие што се присутни) ќе им се поделат мали подароци.

Влез слободен

Ќе колеме теле
Теле вика „Леле!
Не колете мене
Ќе ви купам зелје
Да месите пита
Да јадете сите.“
Коледе!

Се покануваат членовите на Македонското друштво „Гоце Делчев„ да учествуваат и активно делуваат во работата на 41-то Годишно собрание.

Собранието ќе се одржи во недела на 16.01.2011 год. со почеток во 13.00 часот во просториите на Друштвото.

Среќна нова 2011 година и

весели Божикни празници
Македонското друштво „Гоце Делчев„ организира заеднички дочек на НОВАТА ГОДИНА, во просториите на друштвото со оркестарот ГРОМ.
Цената на влезниците за членовите е 350 круни.
(Предјадење, вечера, едно пиво и десерт)
Резервации и плаќање најкасно до 22 декември кај Стојан Стојановски

Доколку има слободни места ќе се продаваат карти и за нечленови по цена од 500 кр.

Лица кои што немаат обезбедено резервации не се добродојдени да доаѓаат на честитање.