- Uppgifter
На собранието присуствуваа голем број на членови и поканети гости, помеѓу нив и Гунила Карлсон пратеник на Шведскиот парламент и претседател на образовната установа АБФ од Гетеборг.
Членовите на друштвото едногласно без некои примедби ги прифатија извештаите за работа и за економското работење на друштвото.
Новоизбраниот управен одбор е од 11 членови од кои 7 члена се од понежниот пол што е за прв пат од историата на друштвото.
За претседател на друштвото е избран искусниот и долгогодишен активист Тане Ангеловски.
- Uppgifter
Традиционалната прослава за СТАРА НОВА ГОДИНА со Васличарското паре ќе се организира во ПЕТОК на 13 јануари со почеток во 18.00 часот, во просториите на друштвото. Влез слободен
Што се однесува за прославата на 14 јануари, во организација на младата односно средната генерација картите со консумација се веќе продадени. Повеќе карти нема да се продаваат и нема да се пуштаат лица кои што немаат обезбедено резервации.
- Uppgifter
- Uppgifter
Во организација на Македонската амбасада во Шведска и Меѓународниот клуб на жените во Стокхолм, во Операта во шведската престолнина првпат се одржа Божиќен ручек на тема „Македонија”.
Како домаќин на Божиќниот ручек, амбасадорот Кире Илиоски имаше свое поздравно обраќање пред околу 150 присутни гости, меѓу кои беа градоначалникот на Град Стокхолм г-ѓа Маргарета Бјорк, пратеници во шведскиот Парламент-Риксдаг, претставници на кралското семејство, на дипломатскиот кор и многумина други.
Настанот имаше промотивно-хуманитарен карактер, односно средствата се наменети за набавка на опрема за Одделението за онкологија и хематологија во рамките на Детската клиника во Скопје.
На овој пригоден настан Република Македонија беше претставена преку интерпретација на македонската песна и фолклор од страна на културно-уметничките друштва „Македонија“ од Малме и „Гоце Делчев“ од Гетеборг.
Беше поставена и македонска етно-соба, како и изложба на уметничките дела на Стефан Плескоњич, кој во рамките на Божиќниот ручек подари свое уметничко дело на градоначалникот на Стокхолм
- Uppgifter
ЛУЦИА
Во недела на 11 декември, со почеток во 16.00 часот Друштвото „Гоце Делчев„ ќе го прослави традиционалниот шведски празник Луциа, со традиционалните детски песни, колачиња- лусекатер и глег.
ЗАЕДНИЧКА ВЕЧЕРА (Jулбурд)
Сите сте добродојдени на oва заедничко дружење.
ИЗБОРЕН СОСТАНОК НА ЖЕНСКИОТ АКТИВ
Во недела на 4 декември, со почеток во 15.00 часот, женскиот актив ќе го одржи својот Годишен изборен состанок. На состанокот ќе се разгледа досегашната работа и ќе се избере ново раководство на активот.
ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„ е закажано да се одржи на 15 јануари, за што ќе бидете повторно известени.
НОВА ГОДИНА
Цената на влезницата за членовите е 350 кр. Во цената влегува, предјадење, вечера, 2 без-алкохолни пијалоци и десерт.
Резервации за карти е задолжително најдоцна до 24 декември.
Лица кои што немаат обезбедено резервации не се добродојдени на честитање за време на прославата.
СТАРА НОВА ГОДИНА „ВАСИЛИЦА„
Домаќин на годинашната прослава е Благоја Марковски.
- Фолклорната секција под раководство на Габриела Балинт, продолжува со својата дејност и понатаму. Нови фолклористи се секојпат добродојдени. Тренинзите се одвиваат секоја недела во 15.00 часот.
- Наставата по музичко воспитание за деца која се одржува секоја недела во 15.00 часот ќе продолжи и понатаму. Наставата ја одржува проф Роберт Сакип
- Наставата за деца по мајчи јазик ќе продолжи исто така секоја недела со почеток во 16.30 часот. Наставата ја изведува проф.Тереза Шалевска-Мирчева
- Uppgifter
Женскиот актив при Македонското друштво „Гоце Делчев„ ве поканува на СРЕДБА НА ЖЕНИТЕ, во сабота на 12 ноември 2011 год. со почеток во 18.30 часот, во просториите на друштвото -Риммарегатан 8.
Гостите ќе ги забавува оркестарот Гром
Влез 150 кр. Во цената влегува македонско буфе, кафе и колаче.
Добро сте дојдени