- Uppgifter
На 2 мај во 18.00 во друштвото „Гоце Делчев„ во Гетеборг - информативна средба во врска со гласањето на дијаспората на изборите во Македонија
Врз основа на член 50–а, став (1), (2), (3), (4) и (5) од Изборниот законик (Сл. весник на РМ, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08 и 44/2011), Државната изборна комисија преку Дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија во Шведска, објавува
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат државјаните на Република Македонија во Шведска дека Претседетелот на Собранието на Република Македонија ги распиша предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 05.06.2011 година.
Гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, во Изборните едниници 7,8 и 9, ќе се одржи на 4-ти јуни 2011 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на Riddargatan 35, 114 57 Стокхолм.
Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во Шведска повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Шведска повеќе од една година согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.
Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Шведска кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на Riddargatan 35, 114 57 Стокхолм во периодот од 25 април до 4 мај 2011 година. При увидот, државјаните на Република Македонија се идентификуваат пред надлежното лице во Дипломатско–конзуларното претставништво односно конзуларната канцеларија на Република Македонија, со патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или лична карта. Увидот може да се изврши и преку интернет на следниот Веб-сајт : http://www.sec.mk.
Пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Шведска, Стокхолм на на Riddargatan 35, 114 57Стокхолм или се испраќа по електронска пошта на следната адреса:, Den här e-postadressen skyddas mot spambots. Du måste tillåta JavaScript för att se den. во периодот од 15 април до 4 мај 2011 година.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
- Uppgifter
На 25 април, Понеделник, втор ден Велигден, со почеток во 16.00 часот, во просториите на друштвото „Гоце Делчев„ ќе се организира Велигденски карневал.
МПЦ „Св Кирил и Методиј„ на децата ќе им подари велигденски јајце.
Христос Воскресе
- Uppgifter
Доброволна акција
Група доброволци започнаа со реновирање на фасадата на зградата. За да се заврши проектот потребни се повеќе активисти.
Акцијата започнува секој работен ден во 9.00 часот.
Сабота на 9 април е назначен како ден на чистотата во Бака. Друштвото исто така се приклучува кон оваа акција со чистење околу зградата. Чистењето започнува во 10.00 часот.
Доброволци добро сте дојдени.
- Uppgifter
Македонското друштво “Гоце Делчев„ по втор пат ќе ја организира манифестацијата Ден на македонската култура во Гетеборг.
На годинашнава манифестација, друштвото ќе се престави со предмети и слики кои го отсликуваат животот на Македонците во Гетеборг. Во програмата ќе настапи фолклорната секција и ќе се рекламираат македонските јадења.
Денот на македонската култура ќе се одржи на 16 април, со почеток во 11.00 часот, во просториите на Emigranternas hus, Packhusplatsen 7, Göteborg.
Ве замолуваме сите вас, што поседувате слики и предмети за време на иселувањето од Македонија, односно населувањето во Шведска, да ги донесите за да се скенираат и изложат на изложбата. Предметите ќе ви се вратат.
За поблиски информации обратетесе кај Милица Велевска на тел 031-52 29 30
- Uppgifter
На 26 март 2011 година во Гетеборг се одржа Ден на македонската поезија во Шведска На 26 март 2011 година во просториите на македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг се одржа 21. по ред културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска, која секоја година се одвива под покровителство на Mакедонскиот сојуз. На отворањето на манифестацијата пред присутните се обрати македонскиот амбасадор во Шведска, Кире Илиоски, кој, пренесувајќи го поздравот од министерката за култура на РМ, Елизабета Канческа-Милевска, меѓу другото, нагласи дека “оваа манифестација е одлична можност преку поетскиот збор на поетите од разни националности, од разни градови во Шведска, да се пренесе суштинската порака на уметноста и поезијата, да се претстави долговечноста и убавината на пишаниот збор, во кој се преплетуваат пораките за важноста на пријателството и разбирањето“. Воедно, рече амабасадорот Илиоски, ова е убава можност за продлабочување на соработката меѓу нашите држави, Македонија и Шведска. Во рамките на програмата на манифестацијата, единствена од таков вид во редовите на македонската дијаспора во Западна Европа, која лани го одбележа својот 20-годишен јубилеј, настапија дваесетина автори. Имаше учесници, кои учествувале во поетските читања уште од самите почетоци на манифестацијата, како и автори кои годинава за првпат прочитаа свои стихови. Пред публиката со свои стихови се претставија: Борче Андовски, Најдо Георгиевски, Хасан Шабовиќ, Цветан Соколески, Александра Анер, Лилјана Стоилковска-Андовска, Тереза Шалевска-Мирчева, Остен Хансон, Ариф Шела, Биби Тртињак, Мехо Бараковиќ, Рагип Сијариќ, Алија Кадриќ, Дејв Фриедман, Кристина Божиновска, Лилјана Ивановска, Сузана Ѓорушевска, Румена Пупавац, Славка Младеновска, Томе Велјановски и Ивица Челиковиќ. Гостин од Македонија овојпат беше истакнатиот поет и литертурен критичар Бранко Цветкоски, кој од пред извесно време е назначен за директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Заблагодарувајќи се на поканата и можноста да учествува во програмата, Бранко Цветкоски рече дека библиотеката „Браќа Миладиновци“ и книгоиздателството „Макавеј“ ќе донираат по 1000 книги како придонес кон збогатување на фондот на библиотеката на друштвото „Гоце Делчев“ во Гетеборг. Инаку во тект на неколкудневниот престој, Цветкоски оствари средба и со раководството на Градската библиотека во Гетеборг, при што беше разговарано за покренување некои заеднички пројекти и отпочнување соработка меѓу централните градски библиотеки во Скопје и Гетеборг. |
|
Во рамките на програмата на годинашната поетска манифестцаија се одржа и пригодна свеченост во чии рамки беа доделени плакети на новоназначените почесни членови на Македонскиот сојуз во Шведска, кои добија такво признание за својот повеќегодишен придонес за унапредување на дејноста во рамките на македонската заедница во Шведска и јакнење на контактите и соработката меѓу Шведска и Македонија. Тоа се: пратеничката во шведскиот Парламент-Риксдаг, Гунила Кралсон (која не беше присутна на свеченоста), Реза Талеби од АБФ, како и двајца познати македонски активисти од Малме, Симеон Зенделов и Таше Стојановски. Со одлука на годишното собрание на МС, од годинава за почесен член на МС, по функција, се прогласува и македонскиот амбасадор во Шведска. Плакетите за почесно членство на амбасадорот Кире Илиоски и на останатите гореспомеанти почесни членови им ги врачи претседателот на МС, Јован Божиновски. Меѓу присутните беа и двајца порано назначени почесни членови, Кире Кленковски и Бо Мевандер. Јован Божиновски исто така информираше дека наскоро ќе се одржи основачко собрание за формирање на Македонско потеско друштво во составот на Македонскиот сојуз. Со тоа ќе се означи континуитетот во натамошното постоење на Деновите на македонската поезија во Шведска и воедно манифестацијата ќе ми биде директно понудена на самите поети да се грижат околу нејзината иднина. Се очекува Македонското потеско друштво да се заложи за интензивирање на напорите во областа на преводната литература и проширувањето на македонско-шведската соработка на книжевен план. Годинашната поетска манифестцаија во просториите на друштвото „Гоце Делчев“ мина во пријатна атмосфера, а бројната публика, освен поетското читање, со внимание го проследи и настапот на фолклорната и хорската секција при друштвото домаќин. |
- Uppgifter
На 26 март 2011 година во просториите на македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг ќе се одржи 21. по ред културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска, која секоја година се одвива под покровителство на Mакедонскиот сојуз.
Во рамките на програмата на манифестацијата, која лани го одбележа својот 20-годишен јубилеј, ќе настапат дваесетина автори. Гостин од Македонија овојпат ќе биде истакнатиот поет и литертурен критичар Бранко Цветкоски, кој од пред извесно време е назначен за директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Програмата ќе започен во 14.30 часот. Друштвото „Гоце Делчев„ се наоѓа на Rimmaregatn 8, Hisings Backa