Izvestuvanje:

 Se izvestuvaat  site clenovi kako i drugite zainteresirani koi sakaat da ucat Makedonski jazik,  deka vo prostoriite na Goce Delcev ke zapocne kurs po Makedonski literaturen jazik za vozrasni i deca.

Nastavata ke ja izveduva profesionalno lice - filolog profesorkata po Makedonski jazik i literatura prof. Tereza Salevska - Mirceva.

Za podetaljni informacii obratetese kaj referentot za skolstvo Marika Lindsjö na tel: 031-442650, 0768674141.

Vo sreda na 20 oktomvri vo 18.00 casot, vo prostoriite na drustvoto ke prisustvuva profesionalen  jobbcoach koj sto nudi bezolatni uslogi za baranje na rabota na nevrabotenite lica.  Dobrodojdeni se site zainteresirani.

Друштвото Гоце Делчев го одбележа јубилејот
 
Вчера во просториите на Форум Котедала, во присуство на над 400 гости, Македонското друштво „Гоце Делчев„ го одбележа јубилејот, 40 години од своето постоење.
 
Оваа културна манифестација ја отвори претседателот Јован Божиновски, кој што ги поздрави посебно поканетите гости и присутните од сите генерации.
 
Во пригодната културна уметничка програма посебен впечаток оставија, Ребека Балин со својот партнер во изведувањето на модерeн танц, настапот на фолклорната секција со игри од Егејска Македонија и хорската секција со изведбата на македонската и шведската химна.
 
Во забавниот дел од програмата, присутните ги забавуваа естрадните уметници од Р Македонија, Елена Велевска и Стевче Стојковски со попоуларниот оркестар Гром.
 
Женскиот актив на присутните им приреди убава јубилејна торта.
 
Пецо Атанасовски
Влез 100 круни
Влез за деца до 15 години безплатен, доколку не зафаќаат место за седење

 Jubilejna

40 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ 

Во еден период од 40 години, членовите на македонското друштво Гоце Делчев од Гетеборг, сплотени и единствени во сопствените идеали, несебично користејќи го своето слободно време, објективно и достоинствено ја презентираат македонската култура, традиција и обичаи во Гетеборг и пошироко.
  
Пред повеќе од 40 години, по пристигнувањето на поголем број на македонци, потиснати од носталгија со висока национална свест , полни со оптимизам, патриотизам и љубов кон родните огништа ги поставуваат темелите на денешното Македонско друштво „Гоце Делчев„.
Како културнa и спортска општествена организација МД „Гоце Делчев„ четири децении активно дејствува во повеќе свери на културно забавниот, информативниот и спортскиот живот во Гетеборг и пошироко, со волонтерско ангажирање на членовите, македонци, вљубени во својата национална култура и во се она што е македонско.
Четириесетгодишното успешно презентирање на македонските вредности, го прават друштвото Гоце Делчев едно од највредните, најпознатите и најценетите друштвени организации во диаспората и воопшто.
 
Првите организирани активности на друштвото беа фудбалските натпревари, во почетокот како екипа на „Волво„ а пота како секција на друштвото, која се натпреваруваше во градската лига. После тоа почнаа да се организираат игранки со македонска музика,  да се прикажуваат документарни и долгометражни филмови од домашна продукција и да се формираат разни секции на друштвото. Беа тоа првите чекори по една културна патека, долга 40 години.
Со вдомувањето во сопствените простории на Кортедала во декември 1976 година се реализираа потребите за активна работа на секциите и се овозможи средби на членовите во своето македонско катче.
На само неколку километри од Волво, во бродоградилиштето Арендал се формира уште еден фудбалски клуб под името Вардар. Па така со две македонски фудбалски екипи на едно спортско игралиште, со насочени спортски и навивачки ставови, конкуренцијата и посетеноста беше се поголема и помасовна.
 
Со цел за општо добро на сите македонци, за заедничко дружење и работење, на 12 декември 1979 година на заедничкото годишно собрание на овие две организации се постигна заеднички договор за здружување на Фудбалскиот клуб Вардар со Македонското друштво Гоце Делчев. После тој договор, двете фудбалски екипи се реорганизираат и делуваат како фудбалска секција на друштвото.
По неполна година од соединувањето, беа видливи резултатите на културно, спортско и просветно поле. Се зголеми бројноста на членовите на друштвото, вклучени во повеќе активности.
Фудбалската секција почна да се натпреварува со две екипи, фолклорната секција го зголеми бројот на фолклористи, а истовремено е формирана шаховска и пинг-понг секција, кои веднаш започнаа со својата дејност. Покрај овие секции, се формира младински актив и родителско наставнички совет, додека женскиот актив ја зголеми својата активност. И останатите членови кои не беа дирекно вклучени во секциите и активите си го најдоа своето место преку разните слободни активности во рамките на можностите и условиите на просториите.
Ваквото обемно зголемување на активностите, ја наметнаа потребата за поголеми и пофункционални простории. По упорното барање кај надлежните органи се зедоа други простории на Мендалсвеген.  И покрај тоа што географската положба на овие простории не беше најповолна за поголемиот број членови, во средите и неделите друштвото беше масовно посетено и се одвиваа повеќе активности.
 
Во осумдесетите години во просториите на Мендалсвеген, Друштвото ”Гоце Делчев” ги постигнува најголемите успеси во својата историја.
Фудбалската екипа покрај редовните натпревари во градската лига, победуваше на  многу турнири и купови, освојувајќи многу први места. Натпреварите на Кортедалаплан беа вистинско доживување.
Фолклорната секција едноставно се претвори во училиште за македонски фолклор каде што преку 400 деца од сите возрасти ги научија првите чекори на македонското оро, а многу од нив го усовршија и својот мајчин јазик.  Се уште се возбудуваме и гордееме на настапите на трите фолклорни групи на многубројните фестивали и приредби. Секојпат со нови игри, нови аплаузи и нови возбудувања.
Шаховската секција со своите три екипи се натпреваруваше во градската лига, организираше и учествуваше на повеќе шаховски турнири.
Пингпонгарите исто така се натпреваруваа во градската пинг-понгарска лига и на многу турнири.
Во организација на Родителско наставничкиот совет, делуваше ликовната, литературната и драмската секција и се организираа повеќе приредби, квизови и натпревари помеѓу децата.
Женскиот актив беше најдобро организираниот и највредниот актив помеѓу доселеничките активи во Шведска, а можеби и во диаспората воопшто.  Покрај своите редовни состаноци, активот организираше повеќе изложби, предавања, излети и многу други дејсности. Нивната активност беше присутна скоро во сите активности на друштвото.
Со текот на времето, повторно се почувствува потреба за промена на просториите. Овој пат се бараа простории во поцентралното градско подрачје на Гетеборг.
Во 1990 година се преселевиме со новопреуредените простории на Херкулесгатан. Активностите продолжија да се одвиваат со истото темпо, но по неколку години се почувствува економска криза како резултат на високата кирија за просториите. Кризата постепено почна да го ремети механизмот на целокупната работа на секциите и активите на друшвото.
Се појавија и првите „пукнатини„. Фудбалската секција незадоволна од ваквата состојба, побара спас во одделување од фамилијата Гоце Делчев и стана самостален фудбалски клуб. И повторно истата слика какао пред 18 години, ние и вие. Членството се подели а активностите полека го губеа својот интензитет. Економската состојба на друштвото суксесивно се влошуваше.
 
Во борбата со кризата постигнавме заенички договор со надлежните општински органи за надминување на проблемите, но овој пат го губиме „џокерот„ и се соочуваме со еден уште поголем и потежок проблем.
Имено, на 29 октомври 1998 година се случи тешка катострофална трагедија предизвикана од пожарот во просториите на друштвото. Членовите на друштвото беа тешко погодени од оваа катастрофа која им остави траги и горчина во душата.
После овие најтешко преживеани денови во историјата на друштвото, охрабрени и поттикнати од подршката на верните и достоинствени членови и надлежните комунални органи, друштвото Гоце Делчев релативно успева да ги надмине тешкотиите, да ги реактивира активностите и да обезбеди многу комфорни и функционални простории во населбата Бака.
По неколкумесечната адаптација на зградата за друштвена дејност, поточно  на 27 мај 2000 година на свечен начин се отворија новите простории во сопственост на друштвото.
 
Во изминатиот период, голем број на културно уметнички друштва, спортски екипи, естрадни и драмски уметници, поети, писатели, историчари и ТВ екипи, беа почестени со можноста да бидат гости на нашето друштво. Гости на друштвото беа и многу општествено политички и дипломатски лица од Македонија и Шведска, меѓу другите и  поранешниот премиер на Шведска, Ингвар Карлсон, долгогодишниот градоначалник на Гетеборг, Јоран Јохансон и многу други врвни личности. Друштвото има организирано и повеќе фестивали, концерти, игранки, поетски вечери, историски и научни предавања, изложби, а во соработка со Македонската амбасада и конзуларни денови за потребите на македонците од Гетеборг и пошироко.
Четириесетгодишната активност на друштвото Гоце Делчев, всушност е едена објективна реалност, успешен период што заслужува внимание и респект од македонската јавност во целина.
Овој јубилеј го славиме во знак на благодарност на сите досегашни членови на друштвото за нивниот допринос за конечниот успех.
Го бележиме овој ден за да им покажиме на идните генерации, какво наследство стекнуваат од своите предходници и се надеваме дека ќе знаат да го чуваат тоа богатство.
 
Пецо Атанасовски

Управниот одбор ве информира и воедно ве поканува на следните настани:

КОКТЕЛ

На 08.09.2010 год. од 18.00 часот, по повод 40- годишниот јубилеј на Друштвото како и државноста на Р:Македонија ќе се организира КОКТЕЛ  во просториите на Друштвото.

ПОЛИТИЧКА ДЕБАТА

На 12.09.2010 год. од 18 до 20.00 часот ќе се одржи политичка дебата со кандидатите за пратеници во Риксдагот, Гунила Карлсон од Социјалдемократите и Јасенко Селимовиќ од Фолкпартијата.

ЈУБИЛЕЈНА ПРОСЛАВА

На 09.10.2010 год. во просториите на ФОРУМ Кортедала торг, од 18 до 01.00 часот ќе се организира ПРОСЛАВА посветена на 40-годишниот јубилеј на Македонското друштво „Гоце Делчев„. Програмата на прославата ќе биде збогатена со учество на екстрадните уметници од Македонија Елена Велевска и Стевче Стојковски. Ќе настапат и „Втора Генерација„ како и Фолклорнара и Хорската секција на Друштвото.

Добро сте дојдени