Управниот одбор на Македонското друштво „Гоце Делчев„ на своите членови, како и на сите посетители на веб страницата "gocedelcev.com" им посакува пријатни годишни одмори.

Грчкиот сојуз во Шведска гласаше против приемот на Македонскиот сојуз во членството на најголемата имигрантска организација во оваа земја - СИОС.

Од канцеларијата на СИОС објаснуваат дека Македонскиот сојуз ги исполнува сите критериуми за прием, но единствената пречка биле забелешките од грчките претставници околу името што го носи македонската имигрантска организација.

- Со одлуката да ја отфрли молбата на Македонскиот сојуз за прием во членството, СИОС практично ги погази сопствените клучни принципи за кои нашироко се залага - рече за „Дневник“ Јован Божиновски, претседател на Македонскиот сојуз во Шведска.

Ова е првпат да се блокира пристапот и учеството на Сојузот на македонските друштва и клубови во разгранетите форми на здружување во рамките на невладиниот сектор во земјата. Гласањето на годишните собранија на СИОС е со консензус, така што грчкото спротивставување било доволно да се блокира молбата на Македонскиот сојуз.

- Ќе реагираме на сите нивоа со писмо до владата, до надлежните органи за доделување на буџетски дотации и до медиумите. Сосема е јасно дека не можеме да се помириме со ваков третман во една земја со високи демократски стандарди - вели Јован Божиновски.

Македонскиот сојуз во Шведска е формиран во 1992 година и ги репрезентира интересите на 15-илјадната македонска заедница во таа нордиска земја. Во Македонскиот сојуз членуваат 12 друштва и клубови.

Од формирањето на македонската имигрантска сојузна организација во Шведска, сега првпат се оспорува нејзиниот статус и дејност врз база на името што го носи и под кое е регистрирана и признаена од страна на шведската влада и надлежните државни органи.

Во Шведска функционираат над педесет имигрантски организации, финансирани од буџетот, а 16 од нив, меѓу кои грчкиот, италијанскиот, српскиот, полскиот, иранскиот, турскиот и курдскиот сојуз, доброволно се обединети во СИОС, орган за соработка на етнички организации во Шведска.

Целта на СИОС е да ги обедини интересите на разните етнички групи во Шведска и со тоа да го зајакне нивното присуство на сите нивоа во општеството. Дејноста опфаќа три клучни подрачја: заштита на јазикот, културата и идентитетот, јакнење на демократијата и унапредување на рамноправноста и мултикултурализмот.

Ивица Челиковиќ
(Дневник)

Во врска со многубројните прашања на иселеници од Македонија, кои освен државјанство на Република Македонија поседуваат и странско државјанство и на кои за излез од РМ им се бара исправа на Република Македонија, Агенцијата за иселеништво на РМ го достви следново соопштение:

Во согласност со Законот за пријавување живеалиште и престјувалиште (Сл. Весник на РМ бр. 36/92), а заради непречен влез-излез во РМ со странска патна исправа, во случај на непоседување на патна исправа на РМ, потребно е претходно иселениците да поднесат пријава со податоци за нивниот престој во странство подолго од 3 месеци, до Дипломатско-конзуларното претставништво во странство или во пограничната единица на Министерството за внатрешни работи во местото на нивното последно живеалиште или на самиот граничен премин при излез од Република Македонија.

Агенцијата за иселеништво го достави ова соопштение со молба за оваа законска обврска да бидат информирани иселениците од Македонија кои имаат намера ова лето да патуваат во Република Македонија.

Друштвото „Гоце Делчев„ организира безплатн превоз за членовите за Македонскиот фестивал на 22 мај во Трелеборг.

Автобусот поаѓа во 12.00 часот од кај зградата на друштвото. 

Пријавување е задолжително кај Кирана Неделковска на тел. 070- 998 78 96

Предизборна дебата во друштвото “Гоце Делчев“ 

Гетеборг, 28 април 2010 –

Во друштвото “Гоце Делчев“ на 28 април се одржа средба со двајца истакнати шведски политичари – претседателката на социјалдемократите во Гетеборг, Ана Јохансон и потпретседателот на Општинската управа и лидерот на опозицијата, модератот Јан Халберг. 

Средбата, на која присутвуваа голем број членови на “Гоце Делчев, беше посветена на изборните програми и визии на двете најголеми партии во Гетеборг во пресрет на годинашните општи избори во Шведска на 19 септември, кога ќе се гласа за пратеници во Парламентот-Риксдаг, регионалните собранија (landsting) и општинските собранија (kommunfullmäktige) .

Ана Јохансон и Јан Халберг одговаар на повеќе прашања, меѓу другото во врска со подобрувањето на условите во здравствениот систем и скратувањето на времето за чекање на операција и друг вид специјалистички интервенции, можностите за намалување на групите во детските градинки, отворање на нови работни места, воведувањето на на новиот т.н. trängselskatt, евентуалното затворање на Квиберг-пазарот, негата и згрижувањето на постари и изнемоштени лица.

Со цел членовите на “Гоце Делчев“ да добијат пошироки сознанија околу предизборната кампања, управниот одбор на Друштвото во наредниот период ќе се погрижи да покани претставници и на други политички партии во Гетеборг.

И.Ч.

Anna20Johansson1                                            Jan20Hallberg1

Formirana e grupa na stari i mladi folkloristi so namera da nastapat na nasiot 40 godisen jubilej vo oktomvri.
Site poranesni folkloristi se dobredojdeni da se pridruzat.
Treningot se oddrzuva vo nedeli vo 17.00 casot a za sigurna i potocna informacija obratete se kaj Gabi na Den här e-postadressen skyddas mot spambots. Du måste tillåta JavaScript för att se den. ili na mob 0708-658305.
Dobredojdovte!