Osmi septemvri

По повод Осми Септември - Денот на државноста на

Р Македонија,  Македонското друштво „Гоце Делчев„

ќе организира

                      К  О  К  Т  Е  Л

во недела на 8-ми септември со почеток во 17.00 часот

Ги покануваме сите членови заедно да го прославиме

овој значаен ден

 

MLADINSKA SUPER ZABAVA

СООПШТЕНИЕ !!!

Просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев„ ќе бидат затворени од 1 јули до 11 август.

На сите членови и сипатизери на друштвото им посакуваме пријатен летен одмор, исполнет со многу убави моменти а при крајот на август заедно да ја започниме новата сезона, со нова  енергија и ентузијазам.

Од 14  до 20 јули во Гетеборг ќе се одржи најголемиот светски турнир во фудбал, на кој ќе се натпреваруваат 1600 екипи од 80 земји. На годинашниот турнир ќе учестувува и ФК „Цементарница„ од Скопје, кои ќе престојуваат во просториите на нашето друштво.

trevlig sommar

Veligden

 

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по шести пат, ќе се одржи во периодот од 04-10 август 2013 година.

Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид, каде 50% од трошокот за сместување ќе биде на сметка на Агенцијата за иселеништво. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси и трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата. Превозот до Охрид ќе биде во организација на самите учесници (родителите).
 
На "Летната Школа" учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување на возраста.
За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.

Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail: Den här e-postadressen skyddas mot spambots. Du måste tillåta JavaScript för att se den.

Благодариме за соработката

Директор,
Васил Наумов

Den na drustvoto 2013