- Uppgifter
Почитувани!
Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по шести пат, ќе се одржи во периодот од 04-10 август 2013 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид, каде 50% од трошокот за сместување ќе биде на сметка на Агенцијата за иселеништво. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси и трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата. Превозот до Охрид ќе биде во организација на самите учесници (родителите).
На "Летната Школа" учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување на возраста.
За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail: Den här e-postadressen skyddas mot spambots. Du måste tillåta JavaScript för att se den.
Благодариме за соработката
Директор,
Васил Наумов
- Uppgifter
Управниот одбор на Друштвото „Гоце Делчев„ ги повикува членовите на доброволна работна акција за чистење на друштвените простории и дворното место.
Во сабота на 20 април, со почеток во 11.00 часот.
- Uppgifter
Годинешното 23. издание на традиционалната културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска имаше збогатена програма.
Поетската манифестација, која беше отворена денеска, овојпат се одржа во соработка со Градската библитека во Гетеборг, а во фоајето на гетеборшкиот Градски музеј, јави дописникот на МИА од Шведска.
- Тоа е нов чекор во насока на популаризирањето на оваа манифестација пред пошироката јавност, а и како натамошен придонес во јакнењето на шведско-македонските културни врски и творечка соработка, вели Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.
Од пред неколку години во составот на Сојузот на македонските друштва и клубови во Шведска функционира и поетското друштво „Дениција“, кое се грижи за програмските подготовки на манифестацијата.
За одбележување е и фактот дека станува збор за единствена културна манифестација од ваков вид, востановена во 1988 година, која секоја година се одвива во редовите на македонската дијаспора во Западна Европа.
Гости од Македонија годинава се истакнатите македонски автори - поетот Славе Ѓорго Димоски, кој е и актуелен претседател на Струшките вечери на поезијата и Венко Андоновски, универзитетски професор, литературен теоретичар, прозаист и колумнист.
Во рамките на програмата настапија петнаесетина поети, а беа претставени и неколку нови поетски збирки, како и најнови преводи на шведска литература на македонски, вклучувајќи ги и македонските преводи на драмите на шведскиот класик Аугуст Стриндберг.
беше претставено и двојазичното македонско-шведско издание „Тајни ветрови“, кое содржи избор од поезијата на македонските поети Бранко Цветкоски, Славе Ѓорго Димоски и Братислав Ташковски. ич/
- Uppgifter
Прво наградените во различни дисциплини
Најмладите учесници со свои креации
Ана Јохансон, претседател на Социалдемократската партија на Гетеборг ги поздрави присутните.
Учесниците во модната ревија
- Uppgifter
На 6 април ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на македонскат позија во Шведска, која секоја година се одвива под покровителство на Македонскиот сојуз. Поетската манифестација овојпат ќе се одржи во Градскиот музеј во Гетеборг со почеток во 14 часот. Гости од Македонија ќе бидат истакнатите македонски писатели - поетот Славе Ѓорѓо Димоски, кој е и актуелен претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, и проф. д-р. Венко Андоновски, литературен теоретичар и критичар, прозаист и колумнист. Во поетското читање ќе учествуваат петанесетина автори, а ќе бидат промовирани и неколку нови стихозбирки од македонски поети кои живеат во Шведска.