МАКЕДОНСКА ТУРИСТИЧКА ЕКСПИДИЦИЈА СЕ ПРЕСТАВИ НА НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СКАНДИНАВИЈА

На водечката Скандинавска саемска туристичка манифестација ТУР 2009 која се одржа во Гетеборг, со свој штанд се престави и Република Македонија.

ТУР 2009 е класична саемска манифестација која трае четири дена. Првите дба дена се наменети за контакти помеѓу туроператорите, хотелијерите и превозниците, додека последните два дена се наменети за пошироката јавност.
Македонската експидиција беше составена од преставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Министерството за економија, Агенцијата за странски инвистиции и волонтери од Македонското друштво „Гоце Делчев„ од Гетеборг.
Во каталогот на туристичката понуда Македонија беше преставена како нова туристичка дестинација. Посителите покажаа особен интерес за винскиот регион, условите за планинарење, лов и риболов, храната и секако интерес за туристичките понуди од Охрид, Преспа и Дојран.
На маргините на оваа манифестација, на 21 март во Друштвото „Гоце Делчев„ се одржа деловен семинар во организација на Деловниот совет при Македонскиот сојуз со наслов„Откриј ги можностите„. На семинарот со свои промоции настапија Катерина Оровчанец од Агенцијата за странски инвестиции и Зоран Срезовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија. Особено впечатливи беа настапите (излагањето) на г-динот Агон Демјаха, амбасадор на Република Македонија во Шведска и професорот по примарна економија од Гетеборшкиот универзитет, г-динот Ролф Соли кој е и почесен конзул на Македонија во Западна Шведска.
Оценка е дека е добро што Република Македонија е за прв пат присутна на оваа саемска манифестација. Интерсеот за винските региони, храната, планинските предели, параглајдерството, манастирските комплекси и други сегменти покажува дека овој пазар е и те како интересен за нашите туристички работници. Силно беше почуствувана потребата од многу посилен и покомплетиран настап.
Наредниот, ТУР 2010, ќе се одржи наредната година од 25 до 28 март во Гетеборг. Членовите на македонската туристичка експидиција се согласија дека подготовките за тој проект треба да започнат веднаш бидејќи можностите кој тој ги нуди се огромни.

Ацо Каланоски

На овогодишниот саем за Туризам - 2009, што се одржа од 19 до 22 март во Гетеборг, за прв пат учествуваше и Р. Македонија. На штандот, на кој оддалеку се читаше REPUBLIK OF MACEDONIA, на големи постери и повеке отпечатени брошури во боја на англиски јазик на посетителите им се презентираше туризмот во Македонија. За почеток добро беше и покрај забележителното отсуство на добра организација. Ако на штандот, со разгледувањето на брошурите, на посетителите им се нудеше и македонско вино со биеното сирење, интересот сигурно би бил и поголем. Со ангажирањето и учеството на членови од Друштвото „Гоце Делчев„ се се заврши во најдобар ред.

Покрај познатите туристички земји, како што беа Турска, Грчка, Италија, Шпанија, Германија, Бугарија, Данска и многу други, со свои интересни штандови доминираше и Шведска нудејки разновидни туристички места ширум земјата од кои најинтересни беа презентациите на селскиот туризам. Со селскиот туризам би можела и Македонија доста да понуди интересни содржини.

Да се надеваме дека следната година ке биде поорганизирано и посодржајно!

Трајан Масев

  • Редовни тренинзи на малите фолклористи секоја недела во 15.00 часот
  • Редовни вежби на хорската секција секоја недела во 17.00 часот
  • Информативен состанок во врска со вашето осигурување ќе се одржи во среда на 25 март со почеток во 18.00 часот во просториите на друштвото.

 

 

Раководство на Женскиот актив за 2009 година

стојат: Душка Василевска, Блага Симоновска, Менка Петрова, Лилјана Трифуновска -претседател, Снежана Цуклева, Цена Јовановска, Марија Монева, седат: Мила Гаич и Веса Гусаковска.

Во недела на 01-02-2009 со почеток во 15.00 часот ќе продолжат редовните активности за деца: ФОЛКЛОР, ПЕСНИЧКИ И ДРУГИ ИГРИ.

Женскиот актив на Друштвото „Гоце Делчев„ во соработка со Општината Гетеборг и АБФ ја издаде книгата „30-годишен елан на жените„, посветена на 30 годишната работа на Женскиот актив.